Македонија
13. July 2019 - 16:16

Советник на Вучиќ тврди дека во авто салон во Скопје е сместен моќен анти-српски разузнавачки центар

Пред два месеца во Скопје е формиран моќен разузнавачки центар чија цел е да го  дестабилизира регионот и Србија ,  тврди  претседателот на парламентарната комисија за Косово Милован Дрецун. За  белградски Курир тој  вели дека тимот составен од  искусни бугарски, албански, германски и македонски шпиони делува  задскриен во претставништво на голем западноевропски произведувач на автомобили.

Нивното делување  е опасно. Тие можат да изведат некоја  медиумска или политичка дизверзија па дури и и да предизвикаат судири. Тие се насочени кон спречување на комрпомис за Косово, мегу Приштина и Белград што е столб на стабилноста во регионот,  вели српскиот пратеник.

Дрецун, кој важи за еден од најблиските соработници на српскиот претседател Вучик бара од македонските власти да се изјаснат дали од нивна територија тајно се работи против српските интереси и постгигнување на решение за Косово.

За случајот побаравме  став од од македонското  МНР, но одговор  ни ветија по викендов.

Шпионскиот скандал лансиран од  од Белград ја вознемири  и бугарската јавност. Медиумите во Софија посетуваат   на нервозното препукување  мегу Борисов и Дачик за  Косово на самитот во Познањ.

Косовското прашање се најде случајно или НЕ И на агендата на руските комичари ВОВАН И ЛЕКСУС кои преставувајки се како Порошенко на премиерот  Рамуш Харадинај му ветија признавање на државата. Неговиот број Русите претходно го добиле од преписките  со премиерот Заев.