Свет
8. December 2016 - 11:06

Советник на Доналд Трамп во Москва ќе се сретне со бизнисмени и политичари

Картер Пејџ, советник на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп пристигна во Москва на средба со бизнисмени и политичари.

- Ќе се сретнам со влијателни бизнисмени и идејни лидери, изјави Пејџ.

Тој додаде дека во Москва ќе остане до 13 декември.

Пејџ е партнер во компанијата „Глобал енерџи капитал“, која инвестира во енергетски проекти.