Свет
7. November 2017 - 22:00

Советник на Асад: Дамаск ќе ги третира Турција и САД како „напасници“

Советник на сирискиот претседател Башар ал Асад изјави во телевизиско интервју дека САД и Турција се незаконски присутни на сириска територија и Владата во Дамаск ќе се однесува кон нив како кон „напасници“.

Бутеина Шабан истакна дека сириската Влада нема да се откаже од градот Рака, кој минатиот месец е преземен од Исламска држава од страна на Сириските демократски сили, кои се поддржани од САД.

Тој додаде дека случувањата во Ирачки Курдистан „треба да им бидат поука“ на курдските сили.