Македонија
25. April 2017 - 15:57

Советниците на општина Ресен побараа обесштетување на оштетените од мразот

Исплата на субвенциите за 2016 година и обесштетување на оштетените од мразот кој овој месец ја зафати општина Ресен. Ова денеска го побара Советот на општина Ресен на својата 62-та вонредна седница, расправајќи по преземените мерки и активности за настанатите штети од мразот.

Советниците искажаа загриженост од појавата на доцен пролетен мраз и истакнаа дека треба што побрзо санирање на последиците од оваа временска непогода.