Македонија
30. January 2021 - 10:32

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Пола милион граѓани гладуваат, а Шилегов фрла пари на печеница, бадеми и лешници

Додека половина милион граѓани гладуваат и живеат со под 2 евра на ден, Петре Шилегов купува печеница, бадеми и лешници со парите на скопјани.

Четврт тон апетисани, односно ф`стаци, бадеми лешници, индиски ореви, кикирики ќе се најдат секој ден на масата на Шилегов додека народот едвај има за леб и млеко.

Шилегов ќе купи 60 килограми ф`стаци, 90 кила бадеми, 55 килограми лешници и по 30 килограми кикирики и печени индиски ореви. 

Шилегов нема да остане гладен. За тоа ќе се погрижи набавката на печеница, свинска и телешка, разните салами и виршли. 

Не е само Заев тој што јаде со златни виљушки, Шилегов јаде печеница и бадеми, лешници и индиски ореви, додека народ нема леб да јаде.

Скопјани работат, плаќаат даноци, а Шилегов со тие пари купува печеница. Петре, додека јадеш печеница, нека ти текне на половина милион македонски граѓани кои едвај имаат за леб и млеко. И да, за дупките по скопските улици, кои не стигна да ги закрпиш.

 

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје