Живот
21. October 2017 - 13:43

Совети од баба Ванѓа за тоа како да се остане здрав - еве што им велела на најблиските

Оваа слепа и мудра старица, со неверојатна видовита моќ најголема важност придавала на лековитите билки, говорејќи дека спасот на луѓето е во нив.

-Светот започна со билките и со нов ќе заврши. Луѓето уште од минатото се лечеле со трева и со нив ќе се лекуваат во иднината. Но, треба да се користат само оние билки кои растат во вашата земја, во вашиот крај. Секој треба да се лекува со своите тревки. Лековите затвораат врата пред природата, која заедно со нив може да продре во болниот организам и да го излекува. Постои посебна тревка за лекување на сите болести - зборувала баба Ванѓа.

Луѓето кои ја познавале истакнале дека таа не јадела месо и била строга вегетаријанка. Таа своите посетители секогаш ги предупредувала да не се прејадуваат, со објаснување дека не треба многу храна, бидејќи да било потребно природата би ни дала два желудника, а не еден.

-Во исхраната користете намирници со бела боја. Пијте чај од лековити билки. Трудете се да не користите премногу мрсна храна. Здравите луѓе можат целосно да се одречат од месото. Сите хранливи супстанци кои му се неопходни на организмот може да се најдат во овошјето и зеленчукот. Барем еднаш неделно јадете каша и да пијте повеќе вода за да ја одржите силата. - советувала таа.