Македонија
20. October 2018 - 19:31

Совет за волонтерство ќе поттикнува млади луѓе да волонтираат во Битола

Интересот за волонтеризмот во Општина Битола не е голем, а токму преку формираниот Совет за волонтерство на Општина Битола ќе се враќа духот на волонтеризмот. Целта на овој совет е промоција и поттикнување на волонтерството во градот.

-Има одредени случаи кои се фокусирани граѓанските организации, сведоци сме дека до пред 4 години имаше случаи кога слушаме за волонтеризам, но принудно се користеа договорите, но ние сакаме доброволно тоа да биде, рече Виктор Илиев, претседател на Советот за волонтерство на Општина Битола.

Советот е формиран во рамките на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ поддржан од УСАИД.

-Општина Битола е прва која формира вакво тело и сакаме да споделиме успешен модел на институционален механизам и во останатите општини, па тие да го следат нашиот пример, рече Марија Мерковска, координатор на проектот.

На овој начин младите луѓе ќе се вклучат во општествената заедница.

-Не само младите, туку и граѓанството треба повеќе активно да се вклучува во својата општествена заедница и заедно со локалната самоуправа да прави чекори и активности кои што се во функција на подобрување на условите во општината“, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Од советот велат дека волонтерството ќе го промовираат и во основните и средните во градот.