Македонија
31. March 2020 - 19:43

Совет за безбедност: Државата добро се справува со кризата, нема потреба од позаострени мерки

Државата е адекватно поставена, мерките се навремени, институциите посветени на борбата со епидемијата на Корона вирусот. Ова се заклучоците на Советот за безбедност во проширен состав кој денеска го свика Претседателот Пендаровски.

Пендаровски вели дека макроекономската состојба е стабилна и дека нема ризици за стабилноста на националната валута. Претседателот вели дека е задоволен од мерките со кои Владата им ги намали платите на функционерите.

Пендаровски вели дека во овој момент никој не може да го предвиди текот на кризата па оттука, не може да се каже до кога ќе трае вонредната состојба. Актуелната вонредна состојба беше прогласена на 18 март и согласно Уставот ќе трае до 16 април, по што Претседателот повторно ќе одлучува, дали таа ќе продолжи уште 30 дена или ќе биде прекината.