Совет на Европа: Време е Европа да ги интегрира мигрантите
Европските држави мора што побрзо да ги интегрираат мигрантите откако повеќе од милион луѓе во пристигнаа во Европа во потрага по заштита, порача комесарот на Советот за Европа за човекови права Нилс Муижниекс во извештај за интеграција на мигрантите.
– Европските влади кои досега беа зафатени со краткорочни потреби како што е прием и обработка на барања за азил, сега мора да се фокусираат на долгорочна цел за унапредување на успешна интеграција на мигрантите, истакна Муижниекс.
Во фокус на препораките е спојување на членови на семејства, почитување на правата на престој, курсеви за јазици и интеграција, пристап до пазар на трудот и квалитетно образование, ефикасна заштита од дискриминација и учество во политика.
Во извештајот „Време е Европа да ги интегрира мигрантите“, се даваат насоки на владите и парламентитте за успешна политика на интеграција.
– Миграните не се закана, туку шанса. Европските држави би требало да се соочат со предизвик за успешна интеграција и тоа се смета за долгорочна инвестиција во своја стабилна и безбедна иднина, наведува Муижниекс во извештајот.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија