Совет на амбасадори: Успешната организација на состанок на ОБСЕ во Скопје можност за афирмација на државата
Советот на Амбасадори денеска соопшти дека високо ги цени активностите на Владата, МНР, МВР и останатите државни институции, кои што преземаат сѐ со цел успешно одржување на 30-тиот Министерски состанок на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје на 30 ноември и 1 декември 2023 година.
-Улогата и значењето на ОБСЕ е особено истакната во контекст на напрегнатата геополитичка состојба на безбедносен план, предизвикана од воените дејствија во Украина и Израел, и ризикот од нивно прелевање во други држави или региони. Оттука, ОБСЕ и сите членки на организацијата, а особено претседавачот и државата што ќе го наследи, мораат да вложат интензивни напори за ревитализација и зајакнување на ефективноста и ефикасноста на организацијата, и за актуелизација на нејзината улога на спречувач на конфликти или медијатор, олеснувач или помирувач на спротивставените држави, наведуваат од Советот на амбасадори.
Воедно, оценуваат дека можноста за организација на настан од вакви размери што ја има Северна Македонија како актуелен претседавач со ОБСЕ, ќе биде можност за афирмација на државата и нејзините демократски и организациски капацитети.
-Имајќи го предвид значењето на самиот собир на министри за надворешни работи и други делегации, вкупно околу седумдесет, Скопје и целата држава во текот на наредните денови ќе бидат предмет на интерес на голем број новинари, информативни медиуми, политичари и граѓани на Европа и Светот. Советот на амбасадори смета дека успешната организација на настан од вакви размери ќе придонесе за афирмација на демократските и организациските капацитети на Република Северна Македонија и ќе биде заслуга на сите граѓани, стои во соопштението на Советот на амбасадори.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот