Македонија
16. December 2020 - 14:40

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата

Совет на Амбасадори преку соопштение изразува голема загрижениост и изненадување од веста во медиумите дека мала група пратеници, како што се посочува, „борци за човекови права” во услови на тешка пандемија со коронавирусот и продлабочена економска криза приоритет на нивното пратеничко ангажирање е на промена на еден член од Законот за надворешни работи со кој ќе се овозможи за амбасдор да биде акредитиран државјанина на РС Македонија кој има и државјанство на друга држава.

Советот потсетува дека до сега биле испраќани македонски амбасадори кои имале и друго државјанство, но , тие се откажале од странското државјанство.

-Оваа позитивна пракса покажува дека некои нови кандидати за оваа највисока фунција во дипломатијата не сакаат да се откажат од државјанство на земји членки на Унијата а сепак сакаат да станат македонски амбасадори. Тоа се очебијно мотивите на овој предлог за измени во Законот за надворешни работи во делот на државјанството, а барањето да оди по скратена постака е само потврда тоа да се стори најбрз можен начин, наведуваат од Советот на амбасадори.

Воедно, од Совет на амбасадори ја потсетуваат Владата дека државјанството на именуваните амбасадори на светско ниво е регулирано со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 год. и не може да биде предмет на било какво пазарење или исполнување на лични желби на партиски активисти.

Советот истовремено нагласува на регулацијата и со член 4 од Уставот на Република Македонија каде децидно стои :„ Граѓаните на Република Македонија имаат државјанство на Република Македонија. Ова значи дека поседување на друго државјанство е исклучиво право и желба.

-Совет на Амбасадори смета дека било кој обид во време на негирањето на македонската државност, јазик и култура од страна на некои земји од соседството со можноста да се воведе и второ државјанство за кандидатите за амбасадори сериозно се уриваваат темелите на македонската држава што ќе има долготрајни негативни последици, стои во соопштението.