Живот
15. April 2016 - 13:38

Состојка која има дејство исто на кокаин а сите ја имаме во нашите кујни

Најново научно истражување потврдило дека луѓето што се зависни од шеќер, би требало да бидат лечени на ист начин како и зависниците од дрога.
 
Истражувачите што го спровеле научниците од технолошкиот универзитет од Квинсленд покажало дека конзумирањето на индустриски преработениот шеќер влијае на зголемувањето на нивото на допамин на сличен начин на кој тоа го прават дрогите како кокаинот. 
 
Исто така утврдено е дека долготрајното конзумирање на шеќер предизвикува  луѓето да внесуваат повеќе шеќер со цел да постигнат ист степен на задоволство, односно да избегнат поблаг облик на депресија, пишува Индипендент.
 
Долготрајната изложеност на организмот на шеќер исто така доведува до промени во однесувањето на поединецот, пишува Индипендент.
 
Професорот Селена Бартлет од Институтот за здравје и биомедицински иновации во Квинсленд истакнала дека истражувањето укажува дека зависниците од шеќер би требало да се лечат со медикаменти што се користат за зависници.
 
„Докажано е дека зголеменото внесување на преработен шеќер директно влијае на зголемувањето на телесната тежина и нивото на допамин влијае на центарот за задоволство во мозокот на сличен начин на кој тоа го предизвикуваат тутунот, кокаинот и морфиумот“, изјавила Бартлет.