Македонија
19. March 2021 - 16:38

Состојбата во градинките и училиштата е стабилна

Градинките остануваат отворени. Министерката за труд и суцијална политика Шахпаска, тврди дека ситуацијата со вирусот во овие установи е под контрола. Во случај да има промени, ќе ги следеле препораките на Комисијата за заразни болести.

- Нема затварање на нови училишта. Во Општина Кисела вода, каде по примерот на ОУ „Невена Георгиева - Дуња“, се размислуваше и останите седум, да се префрлат на онлајн настава, засега таа идеја отпаѓа. Децата од прво до трето одделение остануваат во училишните клупи, вели првиот човек на општината.

Пред 3 дена поради ковидот ,целосно на онлајн настава премина ОУ „Владо Тасевски“, а поради зголемен број на наставници и ученици кои се во самоизолација, од понеделник од одма ќе учат и децата во ОУ „Невена Георгиева - Дуња“. Настава со физичко присуство до крајот на месецов нема ниту во средното уметничко и средното музичко училиште.