Loading Video...
Македонија
30. јуни 2021 - 21:14

Состојбата со Ковид-19 е стабилна, но заканата од Делта мутацијата станува посериозна

Во текот на јули се очекува Европската медицинска агенција да се изјасни дали е безбедно вакцинирањето против Ковид-19 за деца на возраст под 16 години. Епидемилозите предупредуваат дека постојат сигнали дека вакцините кај помладото насление може да предизвикаат запаление на срцевиот мускул.

Во последната студија на францускиот институт Пастер се прогнозира четврти бран на делта варијантата на вирусот наесен доколку не се забрза вакцинацијата. Во овој момент 20 проценти од новите случаи во Франција се  предизвикани токму од оваа мутација.Студијата предвидува пикот на новиот бран да биде и до 2.500 хоспитализации дневно. Како главно жариште на ширењето на вирусот, се наведува невакцинираната полупација под 18 години, со  можни 50 проценти од вкупно заболените.

Во последниве 4 недели бројот на случаи заболени од индискиот сој во Португалија се зголеми за 56 проценти, во Шпанија за 22 проценти, и за 90 проценти во Русија.

Во Велика Британија се потврдени 100.000 случаи на Делта варијантата, од кои 117 завршија фатално. Од пациентите кои беа вакцинирани со две дози починаа 50. Германија ги повика сите земји на ЕУ да забранат влез за британските туристи без оглед дали се вакцинирани.