Бизнис
23. April 2019 - 16:39

Состојбата на трговијата на мало се влошува

Недостигот на кадар и слабата куповна моќ на граѓаните  удрија по трговијата на мало. Трговците се жалат нарачките и залихите се намалуваат, а нема ниту кој да работи. Очекуваат ваквиот тренд да продолжи и во слендиот период. Од бизнис секторот велат дека со овој проблем не се соочува само трговијата на мало туку и другите сектори. Ако порано за стопанството бараше стабилен бизнис амбиент, сега за фирмите  главен проблем е како да најдар луѓе за работа.

Ако порано за фирмит важнo беше политичко -економскиот амбиен и тоа како да излезат на странските  пазари, сега главен проблем за нив е немањето луѓе за работа,,, вели Анета Трајковска оперативен директор на СКМ

Од коморте алармираат дека поради ниските плати во многу сектори луѓето си заминуваат и тие остануваат празни. 

Порачуваат државата што поскоро да најде начин да го промени образовниот систем за да може да го генерира потребниот кадар за работа на пазарот на трудот.