Loading Video...
Свет
29. April 2020 - 14:23

Состојба во светот со пандемијата од Ковид-19

Грција до јуни целосно ќе ги укине мерките воведени поради коронавирусот. Премиерот Мицотакис најави дека ублажувањето на рестрикциите ќе се спроведува етапно а ќе почне од понеделник. До средината на мај ќе се отворат училиштата, црквите, обложувалниците. Во јуни, трговските центри, хотелите и плажите.

Албанските власти донесоа одлука училиштата и факултетите да останат затворени до крајот на школската година. Во училишните клупи единствено ќе седнат матурантите за полагање на предметите од државната матура.

Црна Гора веќе трет ден нема ново заразени па најави дека од средината на мај ќе ги отвори рестораните и хотелите.

Олабавување на мерките предвидува и Франција. Собранието одобри план за укинување на ограничувањата воведени за контрола на епидемијата. Во земјата вчера беа регистрирани 367 починати од коронавирусот.

„Олабавувањето на мерките ќе се прави по принципот, заштита-тестирање-изолирање. Односно, ќе биде потребно да научиме да живееме со Ковид и да се заштитуваме“

Во соединетите американски држави, бројот на заразени се искачи над еден милион, а во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 1.800 починати. Американскиот претседател смета дека бројот на дијагностицирани е резултат на доброто функционирање на здравствениот систем.

„Единствена причина зошто има милион случаи на инфекција е затоа што нашиот систем на тестирање е подобар од која било земја во светот и се далеку зад нас во тестирањето“

До сега во САД се направени близу 6 милиони тестови. Трамп најави дека наскоро ќе се прават по 5 милиони тестови секој ден.