Македонија
12. September 2016 - 16:10

Состојба со пријавувањето штета од вчерашниот земјотрес во скопско

Паднати оџаци, испукани ѕидови оштетени покриви е дел од сликата во Стајковци, Булачани и другите населени места кои беа дел од епицентарот на вчерашниот земјотрес од 5,3 степени по рихтер.

Поголем дел од жителите за време на земјотересот биле во своите домови и се подготвувале за ручек.

Најголем дел од жителите на овие населени места не можат да проценат дали земјотресот им предизвикал дополнителни штети.

Велат дека поплавата и онака им уништила се што имаат.