Свет
1. April 2020 - 17:08

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 885.346 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 44.214, а оздравеле 185.215 луѓе.

– Пандемијата на коронавирусот го намали загадувањето на воздухот во светот, но малку ќе влијае на заштитата на климата, предупреди претставник на Светската метеоролошка организација.

– Германија ќе ги продолжи мерките против ширењето на новиот коронавирус до крајот на велигденските училишни празници, односно до 19 април.

– Во Швајцарија во последните 24 часа се регистрирани 963 новозаразени случаи со Ковид-19.

– Бројот на смртни случаи во САД од коронавирусот надмина 4.000 лица.

– Според последните податоци во Белгија за едно деноноќие починале 123 луѓе, во Холандија 134, во Австрија 18, во германија 27, во Португалија 27, а во Шведска 59.

– Сенегал соопшти за првиот смртен случај од Ковид-19 во земјата. Папе Диуф, поранешен претседател на францускиот фудбалски клуб Марсеј и некогашен спортски новинар, почина од инфекција со коронавирус.

– Јапонија ја продолжи забраната за влез на патници од 73 земји и регионот, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот.

– Неколку десетици американски студенти кои се вратиле од пролетниот одмор, кој го поминале во исто одморалиште на мексиканска плажа, биле позитивни на тестирањето за новиот коронавирус.