Свет
24. March 2020 - 13:44

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 392. 399 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 17.147, а оздравеле 103.393 лица.

Австрија – Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека целта на неговата Влада е да се бори колку што е можно повеќе за тестирање на граѓаните, покрај намалување на социјалните контакти. „Главната цел е да се спроведат што е можно повеќе тестови. Колку повеќе, толку подобро, затоа и наредив на провинциите и министерот за здравство да го зголемат капацитетот на тестови на 15.000 на ден“, рече Курц на прес-конференција.

Шпанија – Властите соопштија за нови 6.600 случаи на заразени со новиот коронавирус, и над 500 починати во изминатите 24 часа.

Иран- Бројот на смртни случаи зголемен на 122, вкупно – 1.934 луѓе. Меѓу нив е и девојче на шестгодишна возраст во провинцијата Северен Хорасан.

Русија – Дел од најголемите фабрики за челик прекинаа времено со тестови за алкохол за вработените поради пандемијата на Ковид-19.

Италија – Бројот на заразени со новиот коронавирус во Италија е веројатно десетпати поголем отколку што се официјалните бројки – 64.000. Тоа го изјави шефот на италијанската Цивилна заштита. Најновите податоци покажуваат дека во Италија починале 6.077 лица за еден месец од Ковид-19.