Свет
31. March 2020 - 18:03

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 809.284 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 39.563, а оздравеле 172.517 луѓе.

ЕУ – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди денеска за зголемениот број лажни вести кои кружат за заразата со Ковид-19. Таа предупреди дека цената на дезинформацијата во овој случај може да биде живот на граѓаните. -Може ли лукот или витамин Ц да го излечат вирусот корона? Не Дали вирусот ги инфицира само старите? Не “, рече Фон дер Лајен во видео-пораката, укажувајќи на зголемениот број на дезинформации за  коронавирусот, особено на интернет.

Ерменија – До 10 април продолжени мерките за ограничено движење, метрото во Баку затворено до 20 април

БиХ – Четврта жртва од коронавирусот во Херцеговина,

Србија – Секој полнолетен ќе добие по 100 евра во динарска проиввредност. Во јавниот сектор нема да намалат плати.

Италија – Во изминатите 24 часа шест лекари починаа од Ковид-19. Вкупно од пандемијата починаа најмалку 66 лекари.

Кина – Под надзор се 1.541 заразени со асимптоматски коронавирус од кои 205 случаи се увезени од странство.

Британија – Од Ковид-19 починаа 367 луѓе, со што бројот на смртни случаи во таа државаа е зголемен на 1.808.