Македонија
13. December 2017 - 8:35

Состанок на стручни здруженија на здравствени работници

Состанок на стручни здруженија на здравствени работници (медицински сестри, техничари, акушерки, стоматолошки сестри и лаборанти) на тема „Видиците на нашата професија преточени во закон и комора“ ќе се одржи попладне во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Состанокот го организираат здруженијата на медицински сестри, техничари, стоматолошки сестри и акушерки „За нас“, „Флоренс Најтингејл“, „Славјанка Влахчева“, ЗМСТАЛ – Албанци (Гостивар); ЗМСТАЛ – Гостивар и Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Македонија.