Бизнис
18. July 2018 - 9:06

Состанок на секторските комори на ССК

Претседателите на секторските комори на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и членови на управниот одбор денеска ќе одржат работен состанок на кој акцент ќе биде ставен на важноста од влез на повисоки технологии во соработката на домашните и странските компании.

На состанокот ќе се дискутира и за мерки за подобрување на деловниот амбиент како и за квалификувана работна сила.

По состанокот, прес-конференција ќе одржат министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и претседателката на Сојузот, Данела Арсовска.