Балкан
10. December 2019 - 15:18

Состанок на Националниот совет за надворешна политика во грчкото МНР

Безбедноста и стабилноста во Медитеранот, под призма на последните случувања ќе биде предмет на дискусија на состанокот на Националниот совет за надворешна политика што ќе го води шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот, се очекува министерот за надворешни работи на Грција да ги информира претставниците на политичките партии што се дел од парламентот за последните случувања во однос на договорот Турција -Либија.

Воедно ова е прв состанок на Националниот совет за надворешна политика по изборите во јули годинава и откако Нова демократија дојде на власт.