Состанок на мешовитата комисија за граничната линија меѓу Северна Македонија и Бугарија
Во Софија вчера и денеска се одржа редовниот состанок на Мешовитата комисијата за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско-бугарската државна граница.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, македонската делегација ја предводеше државниот секретар во МНР и претседател на Делегацијата на Република Северна Македонија во Мешовитата комисија Виктор Димовски.
– На состанокот беа разгледани реализираните активности во врска со изработката на граничната документација од Гранична пирамида 72 до Граничната пирамида 106, како и активностите за извршеното чистење на потегот од три метри од македонско-бугарската државна граница и определувањето на координатите на граничните пирамиди и граничната линија од Граничната пирамида 1 до Граничната пирамида 50, а воедно беа договорени и активностите кои треба да бидат превземени од страна на Мешовитата комисија во 2019 година, се наведува во соопштението на МНР.
Наредниот состанок на Мешовитата комисија за чување, одржување, обновување и одбележување на граничната линија и граничните белези на македонско-бугарската државна граница ќе биде одржан во Скопје, Република Северна Македoнија.
Ново на Сител
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата