Состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и за натамошното делување
Во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ во тек е состанок на Извршниот комитет на кој се расправа за уставните измени и за натамошното делување на партијата.
Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев пред состанокот изјави дека е повикана целата пратеничка група. Прашан дали е можно ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти работата во Собранието, Јанушев рече дека ќе биде преиспитано нивното идно делување во институциите.
– Ќе ја следиме состојба во текот на денешниот ден, секако и следните денови и врз основа на тоа ќе донесеме одлуки и заклучоци за нашето понатамошно делување и за што благовремено ќе биде информирана целокупната македонска јавност, рече Јанушев.
На новинарско прашање дали имаат најави дека се вршат некакви преговори со дел од нивните пратеници, Јанушев рече дека она што го знаат во моментов е оти се прават обиди на најгруб можен начин да се изигра правото, правната држава и можноста за слободно одлучување на пратениците.
-Тоа го видовме и бевме сведоци и на 19-ти октомври, приказната ни се повторува. Да почекаме, да не подлегнуваме на шпекулации и дезинформации и да видиме како ќе се одвиваат работите во текот на денешниот и следните денови, рече Јанушев.
Собраниската седница за уставните измени, која требаше да продолжи во 12 часот, се уште не е почната
Ново на Сител
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина