Македонија
16. May 2018 - 19:20

Сослушани двајца обвинети за „Монструм“, ново рочиште на 23 мај

Двајца од обвинетите во случајот Монструм кои се недостапни за судот престојуваат на Косово.. Ова на денешното рочиште го открија Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири.

Во својот исказ на прашања од обвинителството одговорија дека комуницирале телефонски..

На главната расправа, Специјалните обвинители забележаа дека исказите на Исмаиловиќ и Азири се различни од претходно дадената одбрана..

Од Специјалното јавно обвинителство најавиа дополнителни докази за случајот.

Монструм е повторно во судница откако Врховниот суд ги укина пресудите на пониските судови.