Фудбал
15. September 2017 - 10:01

Сосиедад убедливо со 4-0 го победи Розенборг

 
 Шпанскиот тим Реал Сосиедад забележа убедлива победа над норвешкиот шампион Розенборг.
 
Во натпревар од 1.коло во Лига Европа, а во рамките од Л групата во која настапува и Вардар, фудбалерите на Сосиедад го совладаа Розенборг до 4-0, со што заедно со Зенит ја оправдаа улогата на фаворити во групата. 
 
Од осумте натпревари одиграни синоќа ја издвојуваме победата на  Арсенал против Келн со пресврт во второто полувреме, меч кој го одбележа и инцидентот со германските навивачи, како и победата на Лацио на гостувањето на гостувањето кај холандскиот Витесе, дуел во кој италијанскиот тим во два наврат имаше негатива. 
 
Резултати синоќешните средби од 1.коло во фудбалската Лига Европа: 
 
Г група: Букурешт – Викторија Плзен 3-0 и Хапоел Бер Шева – Лугано 2-1.
 
Х група: Арсенал – Келн 3-1 и Црвена звезда – БАТЕ Борисов 1-1.
 
И група: Олимпик Марсеј – Коњаспор 1-0 и Гимараеш – Салцбург 1-1.
 
Ј група: Херта - Атетик Билбао 0-0 и Зорја – Остерсундс 0-2.
 
К група: Витезе – Лацио 2-3 и Варегем – Ница 1-5. 
 
Л група: Вардар - Зенит Петербург 0-5 и Сосиедад – Розенборг 4-0.
 
Следното 2.коло на програмата е на 28 септември, а во него Вардар ќе гостува во Норвешка кај Розенборг.