Фудбал
20. April 2018 - 11:05

Сосиедад го „разби“ Атлетико

Извонредна фудбалска претстава на Сосиедад пред својата публика со што оствари убедлива победа од 3-0 против големиот фаворит Атлетико Мадрид во 33. коло од шпанското првенство.

Вилијам Хозе го отвори резултатот а два гола постигна Хуанми со што тимот од Мадрид ги загуби сите шанси за титулата бидејќи заостанува сега 12 бода зад Барселона.