Фудбал
29. October 2016 - 11:41

Сосиедад го победи Леганес

  Екипата на Сосиедад забележа победа на гостувањето кај Леганес со 2:0 во мечот со кој беше отворена четири дневната програма од 10.коло во шпанската Примера. 
 
Головите за Сосиедад ги постигнаа Вилиам Хосе (29-минута) и Чаби Прието (59). Со новите три бодови Сосиедад сега има вкупно 16 и се проби на шестото место на табелата, во исчекување на резулатите од останатите натпревари од оваа рунда. 
 
Денеска своите натпревари од ова коло ќе ги играат четирите првопласирани екипи на табелата, а двојките се: Спортинг Хихон – Севиља, Алавез - Реал Мадрид, Атлетико Мадрид – Малага и Барселона – Гранада. 
 
За утре закажани се натпреварите: Еибар – Виљареал, Атлетик Билбао – Осасуна, Бетис – Еспањол и Лас Палмас - Селта Виго.
 
Колото ќе го заокружат Депортиво Ла Коруња и Валенсија со натпреварот кој ќе се игра во понеделник. 
 
Табела: Реал Мадрид 21 бод, Севиља 20, Барселона 20, Виљареал 19, Атлетико Мадрид 18, Сосиедад 16...