Живот
16. February 2017 - 12:37

Соседот издава стан за секс - Секој ден во ходникот и лифтот..

Некои луѓе не можат да споијат поради грижа, некои поради несоница, а поединци во Белград око не можат да склопат поради секс, и тоа туѓ.
 
Имено, во една зграда станови се издаваат на еден ден, а таквите станови често ги изнајмуваат млади парови и тоа за да имаат каде да водат љубов, но баш тоа им пречело на тамошните станари.
 
Два стана во нашата зграда се издаваат на ден. Ние немаме мир поради тоа. Нон-стоп низ зградата поминуваат разни ликови, мигранти, наркомани...
 
Ноќта организираат журки кои трат до сабајле, се пушта гласна музика, луѓе вриштат, пејат, лупаат по врати. Чувај Боже. Меѓутоа, интересно е што млади парови изнајмуваат станови за овде да водат љубов. Кога тоа го прават се слуша во цела зграда. Не можеме да спиеме поради тоа. Зградата ни е претворена во јавна куќа, вели еден од станарите.
 
Тој додава дека виделе разни глетки во ходникот.
 
- Некои повраќаат по ходникот и лифтот, некои не можат да одат дали од алкохол или дрога. Сѐ и сешто се имаме нагледано. Ние трпиме тортура од други, а никој нема разбирање за нас, вели соговорникот за српски Курир.