Македонија
25. May 2019 - 16:44

Соседите обвинуваат: Приватен инвеститор наместо куќа сака да гради станбена зграда на Водно

Жители од населба Црниче2 бараат помош од иснтиутуциите. Тврдат дека на парцела со А1 градежна дозвола приватен инвеститор планира да гради станбена зграда со 27 станови и 50 паркинг места. Земјиштето е последно во слепата улица. Жителите на населбата велат дека површината на парцелата е нелегално проширена во зелен појас кој е заштитен со закон. Реагирале со петиција до општина Кисела Вода  потпишана од 150 соседи. И по 4 месеци не добиле никаков одговор. Поради трусното земјиште и зелениот појас претставки испратиле до министерството за транспорт и врски и до Владата.

- Проширувањето на парцелата навлага во зелениот појас. Не може ниту еден градоначалник да даде зголемување на параметри во зелен појас. Ние бараме ништовност на тоа решение. ОВа е слепа улица. Три метри. Нема можност две коли да се разминат а камоли 50 коли само од оваа зграда. .. Бројот на жители на зградата е за два пати поголем од жителите кои се на оваа улица.

Тие ги повикаа надлежните инспектори да излезат на терен да направат увид. Жителите велат немаат ништо против изградба на куќа согласно законот но не се согласуваат со нелегално добиените документи за зграда.  Стравуваат и за својата безбедност поради структурата на земјиштето.

Целото Водно го срушија врз основа на тие закони се направија згради. Доста е.

Од општина Кисела Вода велат  „Ние како Општина во интерес и по барање на жителите на Кисела Вода ја проверуваме постапката на донесување на истата дали е во согласност со законите. Дополнително е побарано од законодавно-правната комисија при Собранието на Република Северна Македонија автентично толкување на законот. За таа парцела нема сеуште одобрение за градба за никаков објект. “

Но од општината не одговорија зошто на жителите не им ги дале на увид документите од јавен карактер.