Македонија
26. April 2017 - 16:44

СОС: Сорос во нов обид за уништување на македонската економија

Државата гарантира максимални еколошки стандарди при инвестициите тврди заменик министерот за економија Христијан Делев во вчерашното гостување на Сител3. Нема ниту една постапка што Владата досега ја усвоила, потпишала и договорила зад затворени врати каде што тоа ќе биде на штета на граѓаните или животната средина гарантира Делев, тврдeјки дека во Македонија има многу поригорозни закони во делот на рударството и животната средина од било која друга држава во Европа, а ниту до министерството за економија, ниту до животна средина не е доставено никакво барање за концесија за експлотација во Гевгелија, она за што гласале граѓаните.

- Христијан Делев зам мин за економија (( -Најодговорно тврдам дека Владата на Република Македонија нема издадено концесија за експлотација на металична минерална суровина во регионот на Гевгелија, ниту пак имаат побарано. Тоа е лудост што се случи во Македонија и затоа нам тоа, знаејќи дека нема никаква концесија, тоа не ни беше никаков проблем. Но таа една иста организација, меѓународна организација која стои зад сите овие случувања моментално во Македонија, веќе ја префрли битката во другите општини, таму каде што веќе имаме издадено концесии за рудници, кои што се издадени по сите светски норми и регулативи)

Законите за дозвола за изградба на рудници во  Македонија се применуваат поригорозно отколку во ЕУ.  Државниот секретар во министерството за животна средина Лепиткова тврди дека во рудниците се  имплементира највисока технологија. За рудникот во Валандово таа тврди дека граѓаните во Валандово биле информирани и присуствувале на јавните расправи за рудникот.

- Одговорно тврдам се бараше да се постави високо ниво на глина, која што нема да има пропусност, непорозна за водите. После тоа се поставува геомембрана, геотекстил, побаравме да не биде од кинеско производство, сертификат за највисоко ниво, мислам од некои германски материјали имаат набавено, кои мислам дека се број еден во светот против загадување на подземните води...

Според организацијата СТОП ОПЕРАЦИЈА СОРОС, невладините партнери на СОРОС во следниот период ќе организираат низа локални референдуми со кои се објавува војна на странските инвеститори кои пројавиле интерес да отпочнат со работа во МАкедонија. Тие ја објавуваат стратегијата на СОРОС за МАкедонија во пресрет на локалните избори, со цел да се манипулира со јавноста во корист на една политчка партија и редефинирање на државата.

Организациите кои се ангажирани во организирањето на овие референдуми се истите кои беа изнесени во шемата на „СОС“ за текот на парите од Фондацијата СОРОС, за што Србов најави дека ќе изнесат повеќе докази и детали во следниот период.