Сореца: Албанија е на „крајот на почетокот, а не на почетокот на крајот“ за приемот во ЕУ
Шефот на делегацијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, изјави дека Албанија е на „крајот на почетокот, а не на почетокот на крајот“ на нејзиното пристапување во ЕУ, цитирајќи дел од говорот на Винстон Черчил од 1942 година.
Во интервју за „Евроњуз“, Сореца рече дека и Албанија и Северна Македонија имаат отворени прашања за владеење на правото кои го забавуваат патот кон ЕУ.
-Одлуката во октомври е важна за земјата, но и за ЕУ, бидејќи е во прашање и кредибилитетот на процесот на проширување. Засегнатите страни како Албанија или Северна Македонија доволно ги исполниле своите обврски кон Европската комисија, но ајде да кажем доволно напредок за отворање преговори, а не за да станат членки на ЕУ. Како што знаете, Винстон Черчил велеше дека „ова е крајот на почетокот а не почеток на крајот“,изјавил Сореца.
Европскиот амбасадор смета дека е постигнат голем напредок во Албанија, но дека има области во кои албанската администрација треба да продолжи да работи, како што се борбата против корупцијата, организираниот криминал и изборните реформи.
Според него, потребна е секојдневна работа за спроведување на реформската агенда пред одлуката на Советот на ЕУ во октомври за отворање пристапни преговори со Албанија.
Тој верува дека без оглед на одлуката во октомври, албанскиот народ кој дури 91 отсто е за членство во ЕУ ќе продолжи да верува во перспектива на ЕУ но и „ЕУ не треба да им ги пресече нивните надежи“.
Ново на Сител
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27