Соработка со хрватската централна банка во спроведување на меѓународните стандарди
Наш заеднички приоритет е секојдневно зајакнување на финансиската стабилност на нашиот регион и затоа заеднички работиме и ќе работиме на тоа во рамки на нашиот мандат. Во тој контекст, продолжуваме уште повеќе да разменуваме мислења и искуства и околу банкарската супервизија и регулатива, особено од аспект на спроведувањето на меѓународните стандарди и прудентните принципи. Тоа се дел од пораките коишто ги упатиле гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ.
Вујчиќ е во дводневна посета на нашата земја на покана на гувернерката Ангеловска-Бежоска, со цел продолжување на разговорите во кои акцентот е ставен на засилување на билатералната соработка во рамки на склучениот меморандум меѓу двете централни банки. Веќе се разговара и за соработка којашто би се одвивала преку натамошна размена на мислења и искуства од областа на централнобанкарската статистика, на истражувањето и на економското моделирање, како и во сферата на платежните услуги и платните системи.
-Вујчиќ оценува дека со спроведените реформи, со унапредувањето на регулативата и со проектите остварени во изминатиот период, нашата централна банка постигна забележливи резултати, применувајќи голем дел од најдобрите европски и меѓународни практики. Како што кажа тој, тоа е дополнителен мотив хрватската и натаму да биде партнер и поддржувач на нашата централна банка, особено во усогласувањето со највисоките европски стандарди, соопшти Народната банка.
Ангеловска-Бежоска му се заблагодарила на својот колега за досегашната поддршка, особено во рамки на проектите финансирани од Европската Унија. Двајцата гувернери разговарале и за проектот за јакнење на капацитетите на нашата централна банка на патот кон нејзино членство во ЕСЦБ, чија почетна конференција се одржа минатата недела. Ангеловска-Бежоска и Вујчиќ оцениле дека овој проект во којшто партнери на нашата се централните банки на Германија и Хрватска е исклучително значаен, особено поради тоа што опфаќа четири клучни области од централнобанкарското работење. Како што беше кажано, тој ќе придонесе за унапредување на сликата и на регионалната централнобанкарска заедница.
Во натамошниот тек на посетата на гувернерот Вујчиќ, подетално ќе се разговара за сите сфери во кои може да се интензивира комуникацијата меѓу експертите од двете централни банки, во насока и на унапредување на централното банкарство во целиот регион.
Ново на Сител
-
Белгија ќе ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ за лица над 55-годишна возраст
-
Вакцинирани 2680 здравствени работници, над 118 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19
-
60-годишна жена управувала возило под дејство на дрога во Црна Гора
-
Приведен криминалец за издржување затворска казна
-
Со бразилската мутација може повторно да се заразат до 60 проценти од поранешните пациенти
-
Пратениците дискутираат за дополнувањата на Законот за финасирање на единиците на локалната самоуправа
-
СДСМ: Наместо да конструира непостоечки случаи, Милошоски да подготви одбрана за процесите што се водат против него
-
Лавров: Ќе им одговориме на САД ако воведат санкции кон Русија