Соработка меѓу синдикалните организации на полициите од државите во регионот
Македонскиот полициски синдикат денеска во Охрид одржува Меѓународна конференција на синдикатите на полициските служби од државите од регионот, посветена на можностите за унапредување на меѓусебната соработка.
- Идејата е преку вакви средби да поттикнеме иницијатива за продлабочување на соработката на полициските синдикати од Балканот, бидејќи се соочуваме со исти проблеми во работата, плати, униформи, опрема, она што знаме дека е проблем кај нас, а и кај службите од регионот. Интенција е формирање лабава асоцијација која ќе се занимава со проблемите и ќе нуди помош зависно потребите, истакна Ацо Антовски, претседател на Македонскиот полициски синдикат.
Поддршка на соработката на синдикалните организации во регионот даде и Герд Прием, Генералниот секретар на Советот на европските полициски сили.
- Соработката меѓу полициските служби во регионот, но и пошироко во Европа е пример и за политичарите како треба да се соработува за заеднички интерес. Полициските службеници насекаде се соочуваат со идентични проблеми, потешкотии, така што меѓусебната соработка придонесува за остварување на целите на нашите синдикални организации, а тие се подобри услови за работа на полицајците, техничка опременост, сето во насока на подигнувањето на степенот на нивна лична безбедност во секојдневните активности, истакна тој.
Инаку, активностите на Македонскиот полициски синдикат моментално се насочени кон подобрување на условите за работа на полицијата, што се очекува да бидат остварени во соработка со раководството на МВР за што веќе се остварени две средби.
- Водиме преговори со новото раководство на Министерството со барања за зголемување на платите, обезбедување униформи, нови возила за потребите на полицијата, подобрувње на условите за работа, преземање мерки за поголема безбедност и здравје при работа. Очекуваме во проектираниот буџет за наредната година да бидат изнајдени средства за решавање на дел од тие проблеми, појасни Антовски.
Македонскиот полициски синдикат денеска ќе потпише Договор со осигурителната компанија „Триглав“ со што од сопствени средства на своите 7.500 членови ќе им обезбеди дополнителни премии при евентуални повреди и незгоди на работно место.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО