Македонија
15. February 2019 - 17:41

Сопственикот на Дурмо Турс: Човечки фактор е причината за несреќата

Автобусите кои сообраќат на релацијата Гостивар – Скопје и обратно се технички исправни, тврди сопственикот на превозната компанија.. Дурмиш Бељули вели дека освен задолжителниот, возилата редовно се подложни и на вонреден технички преглед.. Се сомнева дека трагедијата е предизвикана од 50 годишниот возач на автобусот, Мане Трифуновски, за кој Бељули вели дека најверојатно во текот на возењето изгубил свест.. 

Според сопственикот на превозната компанија немало судир на интереси оти тој поседува и станица за технички преглед каде и што се прават контролите на 40-те автобуси.. Објаснува дека токму нивните возила се подложни на строг преглед за утврдување на техничката исправност.. 

Според податоците на СВР Тетово лани од близу 300 контролирани автобуси и комби возила на подрачјето на општините Гостивар и Тетово, кај 56 е утврдено дека не ги исполнуваат техничките услови за сообраќај.. 42 имале намалена способност за кочење а четири воопшто не биле регистрирани..