Сопственик на чајџилница во Тетово приведен поради непостапување според здравствени прописи
Синоќа околу 22 часот и 30 минути тетовски полицајци лишиле од слобода сопственик на угостителски објект-чајџилница која работела вон дозволеното работно време за време на пандемија. Во локалот имало пет гости.
-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Ш.И., чиј угостителски објект (чајџилница) на улица „Ленин“ во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале пет лица. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Полицијата и понатаму евидентира и луѓе кои не се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 и не носат маски. За 24 часа во периодот 24-25 јануари изготвени се 29 платни налози на тетовското подрачје.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница