Сопствениците на кафулињата во Свети Николе ги затвораат своите објекти

Во Свети Николе сопствениците на кафулињата ги затвораат своите објекти, како превентива против ширењето на Ковид 19. Овој град е прв во источниот регион кој носи вакви мерки, за поголема заштита на младите и нивно собирање по кафулињата.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека ваква одлука донеле три кафе барови, во коишто младите, но и граѓаните ги посетуваат. Додека останатите угостителски објекти, пицерии и кафеани до понеделник ќе ја донесат одлуката, дали целосно ќе ги затворат своите објекти или ќе работат до 18 часот.
–Како градоначалник на Свети Николе упатувам јавна благодарност до кафе баровите од нашиот град „Plan B“, „ Fenix“ и kафе бар Plazza ,за прекин на работењето во идните денови. Истите не само што сериозно ја сфатија новонастанатата ситуација и препораките од Владата за ширење на корона вирусот, туку и отидоа чекор напред и го прекинуваат работењето на кафетериите, вели Велковски.
Тој апелира и до останатате угостители во Свети Николе да тргнат какошто вели по патот на овие храбри потези на нивните колеги. Велковски забележува дека денеска бил пазарен ден во Свети Николе, но граѓаните биле совесни и не се задржувале на пазарот, туку ги купувале своите намирници и веднаш си заминувале.
Ново на Сител
-

Жени од Источна Македонија започнаа обуки за вклучување во доброволните противпожарни друштва
-

Преглед на вестите од светот
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
