Сопружници од Словенија свесно ширеле коронавирус
Во Словенија две лица, сопружници се пријавени заради непочитување на карантинските правила и за ширење на вирусот Ковид-19, за што им следи парична или затворска казна, изјави портпаролот на словенечката влада, Јелко Кацин.
Според Кацин, 37-годишна жена дознала дека нејзиниот сопруг има вирус „Ковид-19“, но кога ја повикала брзата помош, таа не ги известила дека тој има коронавирус, со што го загрозила здравјето на другите луѓе, пренесува СТА.
Во меѓувреме, нејзиниот сопруг, кој работи за голема словенечка компанија, продолжил да доаѓа на работа и покрај тоа што требало да биде во карантин, поради што е поднесена кривична пријава против брачната двојка за ширење на коронавирус од небрежност.
Кацин додаде дека досега се издадени 1.213 налози за карантин на граничните премини со Унгарија и Хрватска и на аеродромот во Љубљана и дека повеќето луѓе се придржуваат кон самоизолацијата.
Ново на Сител
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите