Македонија
2. October 2017 - 13:26

Сопружници од Куманово ограбени во нивната викендица

Непознато лице со закана со пиштол ограбило сопружници од Куманово во нивната викендица во кумановското село Шупли Камен.

Како што информира МВР, додека С.Т.(56) и неговата сопруга В.П.(58) од Куманово, биле во дворот од нивната викендица, околу 12:10 часот дошло непознато лице кое со закана со пиштол го внел С.Т. во викендицата, по што му ги врзал рацете и нозете со самолеплива лента. Потоа, одзел паричник кој бил на масата во кој имало 300 денари и лични документи, два мобилни телефони, а на крајот го одзел и нивното возило „Опел астра“ во кое имало паричник со околу 500 денари и лични документи по што го напуштил местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.