Џет-Сет
13. October 2015 - 9:49

Сопругот на Џулија Робертс и избира облека за премиери

Џулија Робертс (47) изјави дека го обожува сопругот Данил Модер (46), со кој во брак е веќе 13 години.

- Опседната сум со него. Му го препуштам и изборот на гардероба за секое појавување во јавноста. Има подобар вкус и смисла за мода од мене, вели актерката.

Џулија и Даниел се запознале во 2011 година за време на снимањето на филмот „Mexican“ каде играше главна улога, а тој беше камерман. Тие се венчаа во јули 2002 година.

Двојката има три деца, близнаците Хејзел и Финиас (11) и синот Хенри (8).