Балкан
9. јуни 2016 - 12:01

Сопругот и свекорот на убиената Јелена се забавуваат и прават оргии

 
 
Владимир Марјановиќ, свекорот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ ми предложи оргија со семејството Марјановиќ. Ова го изјавува девојката најмена од полицијата, која го заведе сопругот на ѕвездата на Гранд и тоа уште пред да биде 40 дневниот помен. 
 
За Ало, Рада ексклузивно открива дека тој стапил во контакт со неа и и нудел оргии во куќата.
 
Тој и пратил порака да биде добра кон Зоран и него, а откако таа го прашала на што точно мисли, тој и одговорил дека и предлага тројка. Така Рада сфатила дека нешто не е во ред со семејството.
 
- Се посомневав дека Зоран сака мажи, а додека ја проучував сектата сфатив дека сакаат оргии. Ми призна дека се допишува и со други на различни теми. Религија, Јелена...не сакаше да ми докаже се, вели таа за Ало.
 
Овие пораки покренаа големо внимание во јавноста. Како семејство кое ја загубило снаата и сопругата би можело да размислува на забава и оргии?