Македонија
29. December 2015 - 15:19

Сопругата на Верушевски откри дека Заев е нарачателот на ослободувањето на Верушевски, а Јанева е само извршител

Сопругата на Верушевски, Соња, по повод барањето за ослободување на Верушевски од притвор кое го упати Катица Јанева, наместо на Јанева му се заблагодари на Зоран Заев, со што практично откри дека Заев е нарачателот, а Јанева е само марионета во рацете на Заев која ги исполнува неговите наредби.

verus-sonja

-Најголема благодарност упатувам до лидерот на СДСМ г-динот Зоран Заев, напиша Соња Верушевска.

Ќе потсетиме дека пред објавувањето на аферата „Пуч“, СДСМ лажеше дека Заев и Верушевски не се ни познаваат. На 29 јануари, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов излезе на прес конфернеција на Бихаќка и рече дека раководството на СДСМ нема блиски контакти со Зоран Верушевски.

Опозициското гласило „Фокус“ на 1 февруари пишува дека Верушевски бил соработник на Црвенковски а дека со Заев воопшто не се познавал.

fokus-ver

На 6 февруари, јавноста го виде писмото кое Заев му го испратил на Верушевски. Во него, јасно стои дека е пишувано на 20 јануари, 9 дена пред изјавата на Шилегов дека Заев не го познава Верушевски. Во писмото јасно се гледа да Заев и Верушевски имале многу блиски контакти па дури и договарале работа „со пријателите од надвор“.

zaegws

pismo zaev

На 11 февруари, Заев конечно призна дека Шилегов лажел. Во интервју потврди дека се познавал со Верушевски и дека лично му го напишал писмото како и дека со странски амбасадори и премиери сакал да му извади виза за да побегне во странство.

-Верушевски е еден од кадрите кој е стручен за оваа работа, имав потреба од консултации, се случија две средби со Верушевски за да можам да добијам анализа за тоа што треба да правам, изјави Заев.

Инаку, Зоран Верушевски во текот на целиот период на самостојност себеси се промовираше во поим кој ја опфаќа сета деструктивност, подметнување, задкулисно работење и нечесност во политиката.

Верушевски го напушти МВР кога СДСМ си замина од власт во 1998 година. Целиот период на црната транзиција го мина во МВР, а токму тој период остана во историјата запаметен по шверц на нафта и цигари кон Србија, непочитување на правото, затворање на многу фирми и досега уште неразјаснети убиства. Неговото име се поврзуваше со Бранко Црвенковски и тогаш промовираната афера „Големото Уво“, Aферата „Големо уво“, заврши со делење на неколку транскрипти од незаконски снимените разговори на новинарите на прес-конференција, додека креаторите и реализаторите на аферата останаа на слобода. Потоа следеше воениот конфликт и СДСМ повторно обезбеди влез во техничка Влада со ВМРО ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски. Слично сценарио гледаме и сега, после цели 14 години.

Откако СДСМ на сомнителен начин се врати на власт во 2002 година, Црвенковски мораше да  му се одолжи на Верушевски за сработеното, па истиот беше  именуван за шеф на та Верушевски на оваа позиција дојде со еден куп “валкан веш“– два државни стана добиени со лажна изјава и земање на 24 плати или околу 10 илјади евра при напуштањето на асистенското место на Факултетот за безбедност.

Во истиот мандат СДСМ врати уште една услуга, но овој пат на оние кои од надвор им помогнаа да ја дестабилизираат државата па во 2004 година еднаш за секогаш ја прекроија Република Македонија, со територијалната поделба ги направија Струга и Кичево од општини со македонско мнозинство, општини со албанско мнозинство.

Скандалите на Зоран Верушевски ги презеде синот Александар, па таму каде застана таткото, продолжи тој со заштита токму од таткото. Малиот Верушевски заврши во затвор осуден на 2 години за повеќе кривични дела.  Казната не ја одлежа во целост бидејќи таткото успеа да се испазари со Црвенковски, кој тогаш беше Претседател на Република Македонија.

Помилувајќи го Александар Верушевски, Црвенковски уште еднаш потврди дека со Верушевски делат многу работи.

Ова стана уште појасно откако Мирка Велиновска во колумна за Нова Македонија од 20.03.2015 година обелодени една средба помеѓу неа и Верушевски. На таа средба Верушевски ја повикал Мирка во неговиот стан обелоденувајќи и снимени разговори од целиот врв  на СДСМ.

Верушевски побарал од Велиновска да објави во неделникот Фокус статија во која тој е подготвен да проговори за се што знаел, но и поседувал како незаконски материјал. На тој начин, со закана со компромитација Верушевски го принуди Црвенковски да го помилува неговиот син Александар. Мирка Велиновска тоа не го објави, но затоа веста беше објавена од друг новинар, Ерол Ризаов. Црвенковски под притисок да не дознае народот за неговите валкани работи кои одат од транзицијата, а завршуваат со војната во 2001  година, го помилува Верушевски малиот, за набргу потоа да го испрати Зоран Верушевски во амбасадата на  РМ  во Италија. Со ова Црвенковски  се спаси од Верушевски барем за одредено време. Но не и граѓаните на Македонија.

Велиновска не е единствена која ги има слушнато снимките кои ги поседува Верушевски. Ова на јавноста јавно го призна и Љубчо Георгиевски, кој во еден настап посочи дека во станот на Верушевски му биле пуштани материјали, кои Верушевски му ги нудел, за финансиска надомест, на кои снимки имало криминални разговори натогашното раководство на СДСМ.

Пред да биде обелоденет случајот „Пуч“ презимето Верушевски последен пат беше поактуелно во медиумите пред три години. Имено, малиот Верушевски охрабрен од таткото, не престануваше со своите криминални подвизи па така на 22 јануари 2012 сите дневни весници во РМ осамнаа со веста: „Александар Верушевски се обидел да го заколе Србинот Дарко Гошиќ, во тепачката на паркингот кај струшко Пливалиште“.

Кулминацијата во кариерата на Верушевски следеше со случајот „Пуч“. Зоран Верушевски повторно си најде сродна душа и човек со слични сфаќања за политиката како валкана работа во Зоран Заев. Овој пат Зоран Заев требаше заедно со Верушевски да го предводат црното сценарио за кое самиот Верушевски најавуваше дека може да резултира со граѓанска војна и крвопролевање. Тоа не беше проблем ниту за него, ниту за Заев, а ни за другите обвинети во „Пуч“, бидејќи и самите во меѓусебната комуникација која им беше пресретната од полицијата се храбреа дека биле навикнати други да страдале.

Македонија во 2015 покажа дека не е иста како Македонија во 2000 година. Актерите кои стоеја зад пучот беа откриени и лишени од слобода. Еден од нив ја призна и вината и се спогоди за казна затвор од три години. Другите обвинети одбраа да се бранат со молчење. Меѓу нив и Зоран Верушевски. Тој реши да молчи пред обвинителството и пред судот и за „чадорот“ кој го штител и за „зовривањето, крвопролевањето и граѓанската војна која претстои“.