Свет
12. јуни 2019 - 23:22

Сопругата на Нетанјаху прифати спогодба со обвинителството

Сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Сара, прифати спогодба со Обвинителството во судски случај за трошење државни пари.

Таа е обвинета дека потрошила повеќе од 100.000 долари државни пари за скапи вечери.

Сара Нетанјаху ќе плати околу 15.000 долари со цел да се отфрлат обвинувањата дека трошела големи суми на пари во луксузни ресторани за вечери со пријателите и семејството, и покрај тоа што во резиденцијата на премиерот е вработен готвач.