Свет
14. јуни 2016 - 9:34

Сопругата на насилникот кој направи невиден масакр : Тој беше хомосексуалец

 
Омар Матен, насилникот кој направи невиден масакр во геј-клуб во Орландо и самиот бил хомосексуалец. Неговата поранешна сопруга за медиумите изјави дека таа се сомневала дека Омар е хомосексуалец, и тврди дека неколку пати излегол во клубот, пред кобната вечер кога пукал во него.
 
38-годишната Ситора Јусуфија тврди дека тој одел во клубот и дека неколку пати и пред неа го нарекле геј. И неговиот татко сметал дека тој е хомосексуалец.
 
Таа раскажа и дека Омар ја тепал и малтретирал.
 
-Ме тепаше. Ќе дојдеше дома и ќе почнеше да ме тепа зошто не сум ја испрала облеката или нешто слично – вели Ситора. 
 
 
Омар го запознала на интернет пред осум години. Брзо се видел и почнале да се забавуваат, а се венчале во март 2009 година и се преселиле на Флорида. Од почеток бракот бил нормален, но мажот набрзо почнал да ја злоставува психички и физички.
 
-Во почетокот нормално се однесуваше, се грижеше за семејството, сакаше да се шегува. Неколку месеци подоцна сфатила дека е нестабилен. Видов дека е биполарна личност, бидејќи од чист мир ќе се налутеше и почнав да се грижам за својот живот. Тогаш почна да ме злоставува психички, не ми дозволуваше да разговарам со семејството, ме држеше како заложник. Често се караше со своите родители, но бидејќи беше насочен на мене, најмногу се изживуваше на мене – рекла таа.
 
Бракот и се претворил во пекол и Ситора после четири месеци морала да го спасува голиот живот. Всушност нејзините родители сфатиле дека зетот ќе им ја убие ќерката, па во 2011 година дошле кај неа и букавлно ја одвеле дома.
 
Тие се развеле и таа седум- осум години немала никаков контакт со него.Ситор жали за жртвите на нејзиниот поранешен маж.