Балкан
17. February 2018 - 10:43

Сопругата на Ивановиќ се огласи еден месец по убиството: „Ми го зема тоа што најмногу го сакав“

Сопругата на убиениот Оливер Ивановиќ, Милена, изјавила дека ни еден месец по убиството не добила никаква официјална информација за тоа до каде е истрагата.

-Се што досега имам слушнато е од медиумите. Никакво официјално известување немам добиено. Оливер никој и ништо не може да ми го врати, но важно е да се дознае кои се извршителите на делото и неговите нарачателит, вели Милена за „Вечерни новости“.

Таа додала и дека семејството се подготвува за преселба во Белград.

-Митровица ми го зема она што најмногу го сакав и затоа сакам да си одам оттука и да бидам блиску до него, да го посетуваме, вели Милена.

Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари пред просториите на неговата партија во Косовска Митровица.