Џет-Сет
16. March 2016 - 12:38

Сопругата на Драган Николиќ силно заплака: Раде Шербеџија со моќна порака

Легендата на српскиот театар и филм, Драган Николиќ, беше испратен во вечниот дом. На Комеморацијата за великанот дојдоа покрај српскиот премиер Александар Вучиќ, и неговите колеги и пријатели меѓу кои секако неговата сопруга Милена Дравич, Танасија Узиновиќ, Лазар Ристовски, Сека Саблиќ, Драган Бијелогрлиќ, Радош Гојковиќ, како и Бранимир Брстина, директорот на ателјето 212 кој одржа и говор за својот сакан пријател. Говор оддржа и Раде Шербеџија.
 
- Сите се заљубивме во неговото лице уште во првиот филм. Секоја улога сакаше да ја прикаже едноставно. Го сакаше животот. Голем човек. Многу вода ќе мине низ Дунав и Сава додека не се роди некој сличен на него. Тој беше мангуп! Гаго, ти реков дека сум твој брат, а ти си брат на сите нас, заврши тој со болка.
 
 
Сите се скамениле кога тој на Милена и се обратил со зборовите: "Милена мора да си силна, сега мора да собереш храброст да бидеш и Драган и Милена".
 
Инаку, Милена и Гаги беа 45 години во брак. Тој почина на 72 годишна возраст по долго боледување.