Живот
15. September 2017 - 14:01

Сопругата му починала неколку месеци по венчавката - Две години покасно полицијата ја прегледувале камерата и го виделе ова

Дејв и Ерика не можеле да ја дочекаат својата венчавка и да почнат да живеат заедно. Меѓутоа, Ерика по само неколку дена пред својата венчавка добила трагична дијагноза од редок и агресивен облик на Лимфома.

Парот одлучил да се венча и уживале во времето заедно. Но, за жал, Ерика следната година починала, и го оставила Дејв сам.

Иако не поминале многу време заедно, го искористиле времето кое го имале, а Дејв чувал фоторграфии, околу 300, во камерата на Ерика.

Една година подоцна, меѓутоа, крадци влегле во куќата на Дејв, украле накит, електрични уреди, и што е најлошо, камерата на Ерика.

- Тоа едноставно не беше праведно порадис е што поминавме. Да се изгуби и тоа, беше како некој да ме удрил во стомак, изјавил Дејв. Не помислувал дека некогаш ќе ги види тие фотографии.

Уште една година поминала и тогаш се случило нешто што Дејв го оставило затечен.

Полицијата истражувала неврзани кражби и пронашла сметки за неколку предмети кои биле продадени во локални заложници. Кога се појавиле во заложницата, ја нашле и камерата меѓу работите, и иако немало кокнретни податоци за неа, по прелистувањето на фотографиите меѓу кои и фотографиите од венчавката, сфатиле дека камерата на некого многу му значи и одлучиле да ја вратат на сопственикот.

Како ги гледале фотографиите, приметиле познат ѕид и дрво на една фотографија, отишле во соседството за кое мислеле дека е на фотографиите. Тогаш го виделе Дејв и го прпознале по фотографиите.

Кога полицијата прв пат му кажала на Дејв дека ја пронашле камерата, тој не им верувал. Но, кога го видел нејзиниот карактеристичен ремен, кој го направила Ерика, знаел дека тоа е нејзината камера.

Колку и да биле тие сеќавања болни, Дејв е благодарен што ја има камерата повторно во сопственост, за да оже повторно да ги оживее кратките, но убави моменти кои ги имал со својата невеста.