Балкан
11. March 2017 - 11:42

Сопруг Монструм- Ме прободе со шипка во ногата а раната ми загнои детето ни е истауматизирано

С.Р. (25) од Бела Црква е уапсен поради сомнеж дека членовите од своето семејство, меѓу кои и неговата ќеркичка која има само една година, ги врзал и ги тепал.

Тој е осомничен дека го врзал своето дете, невенчаната сопруга 19- годишна Андријана, и ќерката која има само една година, ги тепал со мотика и се заканувал дека ќе ги убие.
 
-Ме прободе со шипка во ногата а раната ми загнои, ме сечеше со нож по рацете и ме тераше да кажам дека сама сум си ги сечела вените, и не ми даваше да јадам- вели сопругата
 
25- годишниот Слободан Ристич се налутил откако неговата сопруга искршила една плочка во кујната.
Тој жената ја малтретирал и додека била бремена, ја терал да врши нужда во нокшир, а во селото е познат по надимакот Слоба дебил.
 
- Почна да се дере на мене и да ме тепа, потоа ме заклучи во соба и зборуваше нешто со неговата мајка, сигурна сум дека смислуваа како да ми го земат детето- рекла Андријана
Слободан, го заборавил телефонот па така Андријана можела да ја повика на помош мајка си.
 
Мајката на Андријана дошла со поливија и затекнала заклучена врата и Слободан ги нападнал и рекол дека Андријана каже.
 
- Не се познававме добро, тоа беше љубов на прв поглед и веднаш останав трудна и тој почна да ме удира. Така беше целата бременост а кога се породив, се смири некој месец дена а потоа почна пак да ме удира и мене и детето. Малата е веќе истауматизирана- раскажала Андријана
 
Неговите родители велат дека тој не е виновен и дека Андријана и нејзината мајка му правеле „црна магија„ на нивниот син, и дека тој никогаш не ги заклучувал жената и детето.
Повредените се згрижени во Здравствен дом, а за С.Р. е одреден притвор од 48 часа.