Сопранистката Милена Арсовска со главна улога во чешката опера „Бура"
На сцената на Моравскослезскиот театар во чешкиот град Острава вечет ќе биде изведена премиерата на операта „Бура“ во која една од главните улоги ја има македонската оперска певица Милена Арсовска, јави дописникот на МИА.
Операта „Бура" во 1895 година ја напишал композиторот Фибих Здењек, кого го нарекуваат чешки Вагнер, на адаптиран текст од истоимената Шекспирова драма, а на чешката сцена се враќа по 47 години.
- Навистина сум среќен, дека можам да учествувам како творец на една од Шекспировите инсценации. Оваа извонредна оперска обработка на последната претстава на Шекспир на либрето на Јарослав Врхлицки во Острава беше слушната пред 69 години, вели директорот и режисер на операта Јиржи Неквасил, за кого враќањето на претставата е голем предизвик, одговорност и особена радост.
Арсовска, која живее и работи во Виена, минатата година, на главната сцена на Народниот театар во Прага, ја пееше главната улога во операта „Славеј“ од рускиот композитор Игор Стравински.
Сопранистката Милена Арсовска дипломирала на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерските студии по оперско пеење ги завршила во Виена. Дебитирала на 17 години на сцената на Македонската опера и балет.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација